Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалХрват пристигнува на „Висенте Кадерон“

Хрват пристигнува на „Висенте Кадерон“

Договор падна, па се очекува се да биде договорено во текот на следната недела. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер ја пренесе веста дека Шиме Врсаљко е ново засилување на Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Хрватска ќе стави потпис на петгодишен договор, а Сасуоло ќе заработи 16 милиони евра за овој трансфер, плус бонуси. „Јорганџиите“ со овој трансфер го решаваат прашањето за десната бековска позиција, во однос на тоа дека Хуанфран е веќе во години.

Врсаљко има 24 години, во младите категории играше за Задар и Динамо Загреб, каде стекнал полна играчка афирмација. Со „Модрите“ освоил четири титурли шампион во Хрватска, два купа и еден Суперкуп. Тој исто така ги бранеше и боите на Хрватска во сите возрасни категории, за селекцијата А има запишано 19 настапи.