Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПресврт, Хрватот пристигнува во Милан?

Пресврт, Хрватот пристигнува во Милан?

Фиорентина, Милан и Аталанта се екипите за кои денес се зборува во Италија. Според последните шпекулации, Хрватот Милан Бадељ би требало во јануари да премине во редовите на Милан. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Бадељ би можел да направи трансфер во Милан од редовите на Фиорентина, a причина за тоа ќе биде отварањето на простор за трансфер на Франко Креси во Фиорентина.

Креси е играч за кој се зборува последните денови во Италија, постигна 4 погодоци на 4 натрпевари на почетокот на шампионатот, иако игра на позицијата заден везен. Овој Французин има само 19 години и неговата трансфер сума на пазарот моментално е проценета на околу 10 милиони фунти.