Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелси покажува серирозен интерес за Хрват!

Челси покажува серирозен интерес за Хрват!

Според шпекулациите кои доаѓаат во Италија Конте е сериозно заинтересиран за услугите на фудбалерот на Интер и репрезентативецот на Хрватска Марсело Брозовиќ. Наводно на „Меаца“ веќе била одбиена една понуда од лондонскиот клуб за овој фудбалер, а таа гласела, пари плус Оби Микел за услугите на Хрватот. Интер сака да заработи повеќе пари, имаат проблеми со финансискиот фер плеј, па токму поради тоа таа понуда не е прифатлива за нив.

Сепак, според последните информации, Конте побарал од Абрамовиќ да му го обезбеди Хрватот, па треба да се очекува до крајот на овој трансфер период Челси да испрати адекватна понуда до Интер за услугите на овој везист. Се верува дека Интер би се задоволил со 30 милиони евра, додека нема никакви сомневања дека Хрватот би прифатил трансфер во Челси.