Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХОПС бара можност пациентите сами да одгледуваат канабис

ХОПС бара можност пациентите сами да одгледуваат канабис

Здружението ХОПС-опции за здрав живот смета дека треба да се донесе посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија, имајќи ги предвид медицинските ефекти на канабисот, правото на пациентите за пристап до сите форми за лекување и позитивните искуства од многу земји.

Според Здружението, законот треба да овозможи лесен пристап до евтини лекови, вклучително и масло од канабис, во аптеки или специјални продавници, но и можност за сопствено одгледување за оние пациенти кои не се во состојба да ги купуваат лековите или имаат желба сами да го подготвуваат сопствениот лек.

– Канабисот за медицинска употреба треба да биде достапен во различни форми (за пушење, вапоризирање, во капсули, за јадење или во форма на масло од канабис). Исто така, медицинската употреба на канабисот не треба да биде условена со конвенционалната медицинска пракса, рече Влатко Деков од Здружението ХОПС-опции за здрав живот на прес-конференција по повод Предлог-законот за легализација на канабисот за медицинска употреба.

Medical marijuana dispensariesПосочи дека за таа цел ги повикуваат надлежните институции да креираат простор за стручна и јавна дебата во насока на изнаоѓање најсоодветен модел за регулирање на медицинската употреба на канабис во Македонија.

– Како организација која долги години ја следи состојбата во Македонија и трендовите во светот, подготвени сме да придонесеме во овој процес со своето искуство и експертиза, додаде Деков.

Сите предлози на ХОБС прочитајте ги тука.

Докторите почнаа јавно да говорат за медициските бенефити на канабисот, како и да нагласуваат дека тој не е дрога, туку лек.

– Медицината и науката имаат собрано доволно докази кои потврдуваат дека маслото од канабис и другите форми на канабис не се дрога туку лек, бидејќи има докажано терапевтско дејство при одредени болести и состојба. Тоа веќе во научните кругови не се дискутира туку е усвоено како факт, вели Ивица Цветковски, доктор по општа медицина.