Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмХит серијата „Принцот од Бел Ер“ ќе добие римејк

Хит серијата „Принцот од Бел Ер“ ќе добие римејк

Вил Смит ќе прави римејк на култната американска серија од 90-те години „Принцот од Бел Ер“. Актерот се прослави со улогата во овој филм, а воедно и истиот ја промовираше хип-хоп музиката. Вил Смит и неговата продукциска куќа „Оberbrook Entertainment“ во моментот работат на римејкот на популарниот ситком кој од 1990 до 1996 се прикажуваше на американската телевизија Ен-би-си.

Станува збор за „современа семејна комедија“ која ќе биде инспирирана од серијата „Принцот од Бел Ер“, т.е. од ситуација во која ликот доаѓа во непозната средина. Серијата ќе ја продуцира Вил Смит заедно со неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Иако веста не е официјално потврдена, весникот „Хафингтон пост“ предвидува дека главната улога ќе ја има синот на Смит, Џејден, кој на себе го привлече вниманието во акциониот филм „Карате кид“.