Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветХилари Клинтон ја загрозила националната безбедност на САД

Хилари Клинтон ја загрозила националната безбедност на САД

Федералната истрага во почетната фаза откри дека Хилари Клинтон, поранешниот Државен секретар на нејзиниот приватен сервер има голем број на документи кои можеби содржат класифицирани информации поврзани со националната безбедност. Од Клинтон беше побарано да се појави на сослушување и да дозволи пристап до нејзината мејл архива, по што изби уште еден скандал со нивното бришење, наводно само на приватните пораки.

hilari clinton1

Политичките противници веднаш ја нападнаа дека направила огромна грешка со испраќање на доверливи информации преку нејзиниот приватен сервер што е спротивно на правилата. Хилари тврди дека ги почитувала безбедносните протоколи, но досега се истражени околу 300 документи кои може да го докажат спротивното.