Monday, May 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилм„Hi Men“ се враќа на малите екрани прв пат после 30 години!

„Hi Men“ се враќа на малите екрани прв пат после 30 години!

Љубителите на „Hi Men“ се возбудени поради враќањето на сцена на плавокосиот херој по прв пат после 30 години. Првата епизода под назив „The Curse Of The Three Terrors“ е снимена во стилот на осумдесетите години, а Супер7, тимот кој стои зад овој римејк, дури го ангажирале и истиот актер кој го позајмувал гласот на Скелетор.

Епизодата премиерно ќе биде емитувана на „Comic Con“ во Сан Диего на 20 јули, а има надеж дека таа ќе значи и нов почеток за серијата „Hi Men“. Во трејлерот може да се види дека Супер7 останал верен на оригиналната серија, па цртежот неодоливо потсетува на оној од осумдесетите години.