Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонHelpMark.mе – за побрза и поефикасна помош на поплавените

HelpMark.mе – за побрза и поефикасна помош на поплавените

Ако сакате да им помогнете на скопските поплавени семејства тоа можете сега лесно да го направите преку Android апликацијата HelpMark.mе.

System4Enterprise е мотивиран да го олесни процесот за пронаоѓање на загрозените семејства од поплавите што неодамна земаа 20 човечки животи, уништи цели куќи и голташе се што ќе се најде пред пред пат. Без разлика колку добра комуникација имаат меѓу властите и доброволците, апликацијата е неверојатно моќна и практична, затоа што волонтерите веднаш ги наоѓаат поплавените подрачја на мапата.

HelpMark.mе е едноставна за користење, но прво корисниците мора да пријават што им е потребно: лекови, храна, облека и слично, па така хуманите луѓе да ги пронајдат преку GPS координати. Корисниците може да остават и специјална белешка, на пример, доколку облеката што се бара е за 6 – годишно дете и слично. Не се штедете, да им помогнеме на луѓето сите заедно.