Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХаос во Идомени, мигрантите уништиле полициско комбе

Хаос во Идомени, мигрантите уништиле полициско комбе

Хаос во Идомени, мигрантите уништиле полициско комбе, па полицијата била принудена да реагира и да ги растера мигрантите. Грчката полиција која била распоредена на Идомени, денеска била принудени да употреби солзавец, откако група на незадоволни мигранти уништиле службено возило на полицијата.

Мигрантите со камења го искршиле предното стакло на службеното возило, па полицијата морала да реагира и да ги растера. Претходно, на грчко-македонската граница бил повреден еден мигрант. Грчките власти информираа дека се работи за Курд на возраст од 40 години, кој заработил повреда на главата.