Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузејГрупата „Аба“ на заеднички настап после 30 години!

Групата „Аба“ на заеднички настап после 30 години!

Комплетната постава на групата „Аба“ се појави заедно во Шведска и ги изненади обожавателите со непланиран заеднички настап. Четирите музички ѕвезди се собраа во неделата на приватната прослава за 50-годишното партнерство на текстописците Бјорн Улваес и Бени Андерсон. За време на оваа гала вечер женскиот дел од составот Агнета Фелтск и Ани-Фрид Лингштад направија изведба на песната „The Way Old Friends Do“.

На крајот од песната им се придружи и машкиот дел од групата Улваес и Андерсон, со што ова беше прв настап на групата во полн состав во последните три децении. Видео-снимката од таа изведба се уште не е објавена, но на социјалните мрежи се појавија фотографии кои сведочат за тој настап.