Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПосле 30 години Англичанец на голот на Јунајтед?

После 30 години Англичанец на голот на Јунајтед?

Foto: Getty images

Според пишувањата на англиските медиуми, голманот на Саутемптон Фрејзер Форстер се наоѓа на мета на Манчестер Јунајтед. Според овие шпекулации, управата на Јунајтед токму Фрејзер Форстер го гледа како идеална замена за Давид Де Хеа, кој во летниот преоден рок би можел да го напушти клубот од Олд Трафорд. Форстер со тоа би станал прв голман кој би играл во првите 11 на Јунајтед после цели 30 години, уште од Гери Бејли кој бранеше во периодот од 1978-1987.

Форстер се наоѓа во одлична форма и се поизвесно е дека селекторот на Англија Рој Хоџсон ќе му укаже шанса на Европското првенство во Франција. Во текот на својата кариера 28-годишниот чувар на мрежата настапуваше уште за Њукасл, Бристол, Селтик и Норич. Како член на Селтик освои три титули шампион во Шкотска и два Купа, додека дресот на репрезентацијата на Англија го носеше пет пати.