Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Законот за јазиците не смее да биде противуставен

Груевски: Законот за јазиците не смее да биде противуставен

Она за што ние се залагаме е да не се случи да се донесе закон кој подоцна може да се случи да падне на Уставен суд. На тој начин СДСМ и Зоран Заев сакаат да измамат албански гласови. Во првата фаза ние не можеме да поднесеме амандмани, но веќе во втора фаза тоа ќе го сториме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за ТВ АлсатМ.

„ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заендици во Mакедoнијa, вклучувајќи ја и албанската етничка заедница. Во 2008 за првпат се донесе Законот за употреба на јазиците и се донесе во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата. Зошто ние би биле против Албанцие сега. Јас бев премиер на сите Албанци. Не е случајно што државнта администација која вработуваше 10 проценти Албанци, сега вработува 20 проценти во државната администрацја, благодарение на ВМРО-ДПМНЕ. Вложивме 400 милиони евра за автопатиша каде доминантно население се Албанците“, изјави Груевски.

На прашањето на новинарот дали е подготвен да поднесе оставка на челната позиција во партијата доколу ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби локалните избори, Груевски одговори: „претседателот на партијата ја носи најголемата одоворност”.