Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски со останатите осомничени повикани на распит во суд

Груевски со останатите осомничени повикани на распит во суд

СЈО ги продолжува повеќето постапки за предметите по укинувањето на аболицијата и се очекува екс премиерот Груевски заедно со останатите осомничени во „ТНТ“ да се најдат пред судија во претходна постапка на распит.

„Сите предлози се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат по наведените предлози, а лицата ќе бидат повикани веднаш да се јават во судот. Со оглед дека лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од ЗКП, а согласно досегашната пракса на постапување по предмети во изминатиот период“, соопштуваат од Кривичниот суд Скопје.

Судот соопшти и дека ќе постапува по барањата на СЈО и во зависност од динамиката со која ќе бидат водени предметите од страна на обвинителите ќе носи одлуки дали ќе прифаќа притвори или други мерки на обезбедување.