Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски побегна од новинарите – од безбедносни причини влегол од службениот влез на судот

Груевски побегна од новинарите – од безбедносни причини влегол од службениот влез на судот

Поради безбедносни проценки на неговото обезбедување кое е од редовите на Министерството за внатрешни работи, поранешниот премиер Никола Груевски денеска влегол во Судот од службениот влез, соопшти скопскиот Кривичен суд, каде денеска беше откажано рочиштето за „Шамарите во Центар“.

„Во однос на барањето на Јавниот обвинител од СЈО Гаврил Бубески за издавање наредба за приведување на обвинетите кои не беа присутни на денешната главна расправа, ја информираме јавноста дека за четворица од отсутните обвинети, на денешната расправа, судот констатира дека истите за прв пат не се јавиле на главна расправа и ја задолжи нивната одбрана во рок од 8 дена да достави оправдување за нивното отсуство, а што се однесува до едно лице кое по втор пат не присуствува на главна расправа, а истиот е уредно викан, судот издаде наредба за негово присилно доведување на следната главна расправа“, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.