Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски има резерви по првите потези на Јанева

Груевски има резерви по првите потези на Јанева

Во последното гостување во Дневникот на Канал 5 премиерот Груевски искажа неколу резерви за специјалната обвинителка Катица Јанева со нејзините први потези. Груевски забележа дека Јанева најпрво се судрила со фелата, со нејзините колеги обвинители.

„Тие реагираат на некои работи како, бројноста на тимот, надоместоците, и реагираат оние кои работат во обвинителството за организиран криминал каде има многу тешки случаи, убиства, крвна одмазда, за продажба на дрога, членови на ИСИС. Нивниот буџет е 10 пати помал од буџетот на Јанева. Јас го гледам револтот. Нивниот буџет е 400 000 евра за цела година. Јас не би сакал да завземам страна, оти ова е чувствително прашање“ потенцираше Груевски.

katica janeva

Откако и беше одобрен само половина тим таа даде ветување дека и на овој начин не се откажува и дека може да продолжи да работи за потоа да се предомисли и да побара од избраните помошници да не дадат свечена заклетва што е спротивно на законот.

gruevski

„Дали тоа значи дека некој дејствувал на нејзиното мислење и дали таа независно ги носи одлуките. Нова е нема искуство ќе го примиме ова како почетнички грешки и ќе следиме нејзината работа“, додаде премиерот.

Главните сомнежи кои ги фрли Груевски се дали Јанева ќе може да делува независно и непартиски и дали отфрлањето на свечена заклетва што е законска обврска е ќе значи и недоследност во почитувањето на законите за сите случаи и каков авторитет ќе наметне за да бара и од останатите постапување според законите.

Исто така Груевски посочи дека во негов и интерес на партијата е Јанева што побрзо да почне да работи без никакви притисоци бидејќи нема од што да се кријат и само ќе се расчистеле сите сомнежи.