Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Aко народот не си ја одбрани државата, може да ја нема

Груевски: Aко народот не си ја одбрани државата, може да ја нема

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во денешното гостување на дневникот на „Канал 5“ повторно го повика народот да си ја одбрани државата. Груевски предупреди дека можно е Македонија повеќе да не постои и побара од Заев да се откаже од албанската платформа за што ќе добие целосна поддршка да формира малцинска влада.

„Потребно е народот да си ја одбрани својата држава, зошто државата може да ја нема. Да не излезе дека не сум кажал еве ќе повторам, ако народот не си ја одбрани државата, може да ја нема. Сите оние што мислат дека сега ќе ги остават да си направат влада, па да реагираат кога ќе дојде законот за јазиците на дневен ред, тогаш да реагираат, може да им биде доцна. Предупредувам:Може да дојде до тоа да немаме држава. Откако ќе направат влада, може да се тргне во правец на перење мозок на граѓаните. Народот да стане аморфна маса, а не народ со национална свест. ВМРО не може само да ја одбрани државата, тоа може само народот“, рече Груевски.

На прашањето на новинарката, зошто лидерот на СДСМ, Зоран Заев го прави тоа, Груевски одговори „за да се спаси од сите криминали кои ги има направено“.

„Тој е длабоко заглавен во криминал со многу конкретни случаи. На пример, случајот „Поткуп“ е јасен и конкретен. Тука е и случајот „Цареви кули“. Вакви случаи има еден куп, последен е оној за изборни нерегуларности. Тој сака да се заборави неговата одговорност за овие случаи, за сите криминали, корупции и мито. Заев не знае што со себе да прави, не знае што го чека, односно знае. Знае што се случува во секоја нормална држава во ваква ситуација, ќе оди во затвор. Он си ја пази неговата иднина за постапките што ги направил. По секоја цена, одејќи директно против волјата на народот. Сака да го спречи тоа што му следува“, рече Груевски.

 

Груевски рече дека очекуваат еврокомесарот за проширување и соседска политика да ја осуди платформата договорена во Тирана и да го осуди мешањето на други држави во нашата.