Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруби и Јазбец разговараа за политичката состојба на Македонија

Груби и Јазбец разговараа за политичката состојба на Македонија

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби денеска во Собранието се сретна со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец.

Пратеникот Груби и евроамбасадорот Јазбец, како што е наведено во соопштението од Комисијата, разговарале околу актуелните политички случувања во земјата, работата на Собранието, како и за активностите на Комисијата за европски прашања во врска со усвојувањето на предвидените реформи од страна на Европската Комисија.

Груби го информирал Јазец за активностите во Собранието, за првата седница на Комисијата за европски прашања на 28 јуни, како и намерите за инклузивен пристап кон сите партии заедно со граѓанското општество и медиумите во дискусиите за реформските закони.

На средбата станало збор и за евро-атланската интеграција, меѓусоседските односи, како и целосно спороведување на Охридскиот договор во согласност со Уставот на земјата во однос на јазичната еднаквост.