Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција се бори со пожари

Грција се бори со пожари

Шумски пожар утрово избувна во близина на планинското село Вунтени, во областа на пристаништето Патра. Голем број пожарникари и 15 противпожарни возила се обидуваат да го држат огнот под контрола и подалеку од населените области. Силните ветрови што дуваат во областа го отежнуваат гаснењето на огнот.

Во меѓувреме, пожарот на Хиос е ставен под контрола, но предизвика огромни штети.