Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГрција доби повисок кредитен рејтинг од Фич

Грција доби повисок кредитен рејтинг од Фич

Агенцијата Фич и додели на Грција за еден степен повисок кредитен рејтинг и од ЦЦЦ што асоцира на земја која е блиску до банкрот и речиси целосно неизвесна економска состојба, доби оценка ЦЦ која дава подобри шанси за кредитирање и можност за исплата на обврските. Причината за подобрување на кредитниот рејтинг е договорот кој Грција го постигна со европските партнери за враќање на долгот, укинување на голем број на државни бенефиции и добивање на трет пакет за спас на економијата.