Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција предупредува за нов миграциски бран на македонско-грчката граница

Грција предупредува за нов миграциски бран на македонско-грчката граница

Три месеци по евакуацијата на илјадниците бегалци и мигранти од импровизираниот бегалски камп на македонско-грчката граница, грчките власти соопштија дека повтроно е забележено зголемување на обидите за нелегално преминување на границата кон Македонија, пишува весникот „Катимерини“.

-Тие одат со воз до селото Муриес и се обидуват да ја преминат границата низ шумите и по брегот на Дојранското Езеро, додека други се обидуваат да ја преминат границата преку селото Хамило во близина на Идомени, изјави за „Катимерини“ полициски претставник.

Властите, исто така, имаат забележано зголемување на бројот на бегалците и мигрантите кои си заминуваат од камповите и сами или во групи се обидуваат да ја преминат границата, со оглед на тоа што има долги одлагања во системот за бработка на нивните барања за азил. Грчките власти се загрижени дека информациите за успешни обиди за премин на границата можат да поттикнат масовни заминувања од организираните објекти за сместување, пишува весникот.