Friday, Apr 26, 2024
HomeСТУДЕНТУМГрандиозна матурска прослава во Русија

Грандиозна матурска прослава во Русија

20 јуни – матурска вечер за сите млади во Русија кои оваа година затвораат едно од најубавите и најглавните поглавја во својот живот.

Вчера во Санкт-Петербург по тој повод беше одржан свечен настан кој во превод на македонски се вика „Црвени Едра”. По традиција најглавната улога во програмата му е дадена на Бродот со црвени едра што проаѓа по реката Нева со големо и спектакуларно огнометно шоу. Организаторите решија дека Бродот треба да се движи со звуците на величенствената музика искомпонирана од големите руски композитори – Чајковски, Шостакович, Мусоргскиј …1

Свечениот матурски настан започна во 22 часот и траеше до раните утрински часови. Вечерта ја прославија заедно 75 илјади матуранти. Цела вечер на главниот плоштад на градот Санкт-Петербург се одвиваше голем  концерт со најпознатите и најпопуларните руски пеачи.