Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГраѓани со црвени панделки го обезбедуваат протестот

Граѓани со црвени панделки го обезбедуваат протестот

„Татковината ја убивте додека знамето го љубевте“ е пораката која демонстрантите ја упатија движејќи се накај Собранието. Граѓаните стануваат се поорганизирани, а денеска се појавија граѓани со црвени панделки врзани на рацете. Тие стојат помеѓу демонстрантите и полицијата. На прашањето на Позитив.мк зошто носат црвени панделки, тие одговорија дека се чувари на мирот. Всушност, нивната задача е да се грижат протестот да помине мирно и дека стојат пред полицијците за да спречат евентуални напади врз нив.

Демонстантите ги повторија своите барања за оставка и изјаснување на Уставниот суд.