Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГрадежниците со сертификати за енергетска ефикасност за поголем успех

Градежниците со сертификати за енергетска ефикасност за поголем успех

Проектот Build up skills успешно се спроведува и ќе бидат доделни 200 нови сертфикати за енергетска ефикасност на градежни работници со што ќе се подобрат нивните вештини и со тоа и нивната вредност на пазарот на трудот. Овој проект се спроведува преку Стопанската комора на Македонија каде денес ќе им бидат доделени сертификатите, а е финансиски подржан од Европската унија. Целта е да се применат подобри стандарди во градежништвото и уредувањето на домот за да се заштеди на енергија при затоплување и ладење на објектите.