Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГрад Скопје започна со прскање против штетните честички во воздухот

Град Скопје започна со прскање против штетните честички во воздухот

Службите на Град Скопје во 11:30 часот ги превземаа првите мерки за сузбивање на штетните пм10 честички со прскање на средството Калциум Магнезиум Ацетат за намалување на загаденоста на воздухот.

zagaden vozduh

Средството беше испрскано на крстосницата на булеварот Св. Климент Охридски и со улицата Свети Кирил и Методиј која е една од најкритичните точки на загадување во Скопје. Средството не е штетно за околината и здравјето на луѓето. Во изминатите денови беше измерено прекумерно загадување на воздухот поради стартот на грејната сезона и треба да се направи инспекциски увид дали индустријата придонесува во загадувањето.

Од кабинетот на Град Скопје порачаа дека со близината на мерната станица најдобро ќе имаат увид дали средството е ефикасно во намалување на загадувањето на штетните честички и ако е така ќе го користат и на други критични локации.