Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГоув вети 100 милиони фунти неделно за здравството

Гоув вети 100 милиони фунти неделно за здравството

Лидерот на кампањата за излегување на Британија од Европската Унија, Мајкл Гоув, вети дополнителни 100 милиони фунти неделно за национална здравствена заштита до 2020 година, доколку тој биде избран за нов премиер на Велика Британија. Мајкл Гоув беше водечка фигура во кампањата за излез на Британија од ЕУ на референдумот кој го наведе Камерон да си даде оставка од премиерската позиција.

Еден од најконтроверзните аргументи во кампањата за излегување од блокот, беше тврдењето дека Велика Британија моментално издвојува 350 милиони фунти неделно за Европската Унија, додека тие пари можат попаметно да бидат искористени на здравствена заштита на Британците.