Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСините картони повторно се враќаат

Сините картони повторно се враќаат

Сините картони за лекување повторно се враќаат во употреба откако им истече рокот на здравствените електронски картички кои што беа издадени во 2011 и 2012 година, а имаа рок на траење од 5 години.

Во моментов, се’ уште нема фирма која ќе ги печати новите картички, па Фондот за здравство на осигурениците започна да издава сини картони.

Сите осигуреници на кои ќе им истече здравствената електронска картичка ќе треба да појдат во подрачните единици на Фондот за да си подигнат сини картони.