Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГоривата на полноќ поскапуваат за половина денар

Горивата на полноќ поскапуваат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи дека од вечерва на полноќ цените на горивата ќе се зголемат за половина денар.

Литар Еуросупер 95 ќе чини 63 денари, а  Еуросупер 98 ќе се продава за 65 денари. Новата цена на Еуродизел ќе изнесува 50,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинства 39 денари. Зголемување од 1,795 денари има кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС и за килограм од тој енегренс ќе се плаќа 21,883 денари.

Малопродажната цена на нафтените деривати во просек е зголемена за 2,06 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за цената на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и курсот на денарот во однос на доларот.