Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПоскапува бензинот „еуросупер БС – 98“

Поскапува бензинот „еуросупер БС – 98“

Цените на бензинот „еуросупер БС – 95“ и на дизелот остануваат исти, а цената на „еуросупер БС – 98“ се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука, цената на „еуросупер БС – 95“ ќе биде 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на „еуросупер БС – 98“ ќе изнесува 64 денари за литар.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар, изминатите две недели била за 0,33 проценти повисока од претходниот период, а курсот на денарот бил понизок во однос на доларот.