Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЃорѓиева: Не беше спонтано туку организирано сценарио за убиство

Ѓорѓиева: Не беше спонтано туку организирано сценарио за убиство

Во Основното јавно обвинителство продолжуваат сведочењата на пратениците од СДСМ кои беа нападнати за време на настаните во Собранието на 27-ми април, пренесува „Точка“.

Денеска прва сведочеше пратеничката Милева Ѓорѓиева која рече дека она што се случувало во Собранието, претставува класичен линч. По сослушувањето, таа изјави дека се уште не може да се соземе од тоа што го преживеала на крвавиот четврток во парламентот.

„Да се тепаат жени пратенички, да се влечкаат и удираат, тоа е голем срам за Македонија. Се плашевме дека ќе не фрлат од галеријијата, бидејќи постојано ни викаа дека ќе не убијат. Тоа воопшто не беше спонтано туку организирано сценарио за убиство“ рече Ѓорѓиева.

Пратеничката Ѓорѓиева објаснува дека Собранието е лавиринт во кој никој не може дацсе снајде лесно, а особено не луѓе кои влегуваат прв пат во него.

„Нe маваа со дрвени и железни предмети, со што ќе стигнат…ја гледавме смртта во очи. Сакаа да не линчуваат“ изјави Ѓорѓиева.