Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЃорчев даде исказ во ОЈО но побегна од новинарите

Ѓорчев даде исказ во ОЈО но побегна од новинарите

По три часа давање исказ за настаните на 27 април, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев Обвинителството го напушти од подземните гаражи на зградата, јавува „Макфакс“

На новинарските екипи кои го чекаа пратеникот за изјава, пред главниот влез службите на институција им соопштија дека тој си заминал. Ѓорчев на денот кога се случи инцидентот, односно црниот четврток во Собранието, помагаше при евакуација на повредните пратеници од СДСМ и ДУИ.

Оттогаш па досега, и покрај инсистирањето на медиумите, пратеникот не даде никаков коментар околу настаните во Собранието.