Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГоран Грујевски денеска во судот за случајот „Тврдина 2“

Горан Грујевски денеска во судот за случајот „Тврдина 2“

Во скопскиот Кривичен суд дтреба да се одржи подготвително рочиште за случајот на СЈО, „Тврдина 2“, во кој обвинети се седумина вработени во УБК.

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржи подготвително рочиште за случајот на СЈО, „Тврдина 2“, во кој обвинети се седумина вработени во УБК кои се гонат за уништување на службена документација поврзана со незаконското прислушување.

Првообвинет во „Тврдина“ е Горан Грујевски, поранешниот началник на петтата управа и шестмина вработени во УБК, кој се сомничи за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување.

Последното рочиште се одложи бидејќи судијката Лидија Петрова беше на боледување.

На минатото рочиште, специјалната обвинителка Ленче Ристоска рече СЈО дошло до бараните документи од УБК, бидејќи министерот за внатрешни работи Агим Нухиу издал две решенија за декласифицирање на доказите. Негативен одговор добиле само за барањето за декласификација на деловодните книги на УБК.

Обвинителката Ленче Ристоска потенцираше дека Управата одбива да ја прими поштата на СЈО и затоа одговорот на барањето на СЈО до УБК е доставен од Министерот за внатрешни работи.