Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГолем напад врз Викиликс по најавата за „Документите за Ердоган“

Голем напад врз Викиликс по најавата за „Документите за Ердоган“

Веб сајтот Викиликс се соочи со голем хакерски напад, а не поминаа ниту 24 часа откако најавија дека наскоро ќе објават стотина илјади документи кои ќе откријат многу тајни за турската политичка елита. Од Викиликс кратко соопштија дека не се сигурно кој стои зад нападот, но се сомневаат дека е вмешана власта на Турција или пак некој нејзини сојузници.

Сепак, потенцираат дека ќе издржат и наскоро ќе ги објават „Документите за Ердоган“.  Најнов податок е дека располагаат со 300 илјади мејлови и 500 илјади документи, а дел од нив ќе бидат пуштени веќе денес.