Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ: ,,Сакам да бидам на врвот уште неколку години”

Ѓоковиќ: ,,Сакам да бидам на врвот уште неколку години”

Србскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој моментално се наоѓа на првото место на ATP листата, се надева дека може да ја задржи оваа форма уште неколку години.

Новак моментално изгледа незапирлив, но останува да видеме уште колку долго може да трае таа негова форма во која тој моментално се наоѓа.

Во денешната изјава тој истакна дека сака оваа форма да ја задржи, но и дека мора да го даде својот максимум и на другите турнири, не само на Гренд слемите.

,,Гренд слемовите се навистина важни, но само од нив неможе да се живее. До крајот на оваа година ме очекуваат уште 2 Мастерс турнири, а потоа и големото финале во Лондон. Суштината е во тоа што не ирам тенис само поради победа, туку и затоа што во мене буди многу позитивни чувства”, изјави Ѓоковиќ на денешната пресконференција.