Saturday, May 4, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВо несреќа ги загубил рацете и нозете, а го освоил најопасниот врв на Алпите!

Во несреќа ги загубил рацете и нозете, а го освоил најопасниот врв на Алпите!

Шкотскиот алпинист Џејми Ендру станал првиот човек кој се искачил на врвот на Алпите, Матерхорн, откако му биле ампутирани ве раце и нозе. Ендру ги загубил рацете и нозете од смрзнување до 1999 година кога со неговиот партнер пет дена останал зарабен во француските алпи. Неговиот партнер не преживеал, а Ендру поради премрзнување останал бе двете нозе.

Овој 47-годишен алпинист на Матерхорн се искачил со помош на двајца пријатели и водич, Стив Џонс и Стив Монкс. Инаку, Матерхорн не е највисокиот врв на алпите, се наоѓа на границата меѓу Швајцарија и Италија и важи за еден од најопасните врвови, а до 1995 година во обид да го освојат овој врв 500 луѓе го загубиле животот.

Dzejmi-Endu

„Пред точно пет години добив неверојатна идеја дека би можел без раце и нозе да го освојам Матерхорн. Имам одлични протези кои се направени специјално за мене и според мои мерки“, открива Ендру.

Endru-alpinist

„Моравме брзо да се искачиме и да се симнеме, бидејќи постоеше опасност од невреме“, додава Ендру. Неговиот поход на Матерхорн бил планиран пет години, а како што вели тоа токму долгите подготовки допринеле за овој негов сладок успех. После рехабилитацијата почнал да скија, трчал маратони, а му се вратил и на алпинизмот.