Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГлазгов Ренџерс го доведе искусниот португалски дефанзивец!

Глазгов Ренџерс го доведе искусниот португалски дефанзивец!

Португалскиот дефанзивец Бруно Алвес потпиша договор со шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, договор е потпишан на две години. Бруно Алвес пристигна во клубот како слободен играч откако неговиот договор заврши со Каљари.
304200_bruno_alves

 

“Ова е едно од најубавите чувства што ги доживеав низ својата кариера, а последен пат се чувствував вака кога ја освоив титулата со Фенербахче. Би сакал уште еднаш да го почувствувам тоа задоволство на освојувањето на титулата, мислам дека со доаѓањето тука повторно ќе го доживеам. По сите клубови каде што играв победуваа, па се надевам дека и во новиот клуб ќе биде така. Го познавам тренерот ја познавам неговата работа во Португалија, познавам и некои играчи на кој тој и беше тренер, мислам дека ќе соработуваме добро и дека тој има идеја како да го направи овој клуб успешен повторно”, изјави португалецот.

Бруно Алвес во својата кариера играше за Порто, Феиренсе, АЕК, Гимараеш, Зенит, Фенербахче и Каљари. За португалскиот национален тим одигра 89 натпревари и постигна 11 гола.