Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЏилијан Андерсон е новиот Џејмс Бонд?!

Џилијан Андерсон е новиот Џејмс Бонд?!

Американската актерка Џилијан Андерсон наговести дека ја прифатила улогата да биде првата жена која ќе го глуми тајниот агент Џејмс Бонд, откако досегашниот Бонд Даниел Крег одбил понуда од 78 милиони евра за да сними уште две продолженија во улогата на тајниот агент 007. Андерсон на својот Твитер профил напиша: „Се викам Бонд. Џејн Бонд“ и објави постер направен од нејзините обожаватели.

Сепак, таа на социјалната мрежа Тумблр, напиша дека некој го направил овој пост и се кренала прашина околу тоа, но дека најверојатно таа нема да биде новиот Бонд. На големо се шпекулира околу тоа кој би можел да биде замената за досегашниот Бонд Крег, а како најчесто споменувани се актерките Том Хидлстон, Идриз Елба и Демиен Луис.

Џулијан Андерсон-2