Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГигантот Жито Вардар прогласи стечај

Гигантот Жито Вардар прогласи стечај

Некогаш доста успешна прехрамбената компанија Жито Вардар сега ќе мора да прогласи стечај бидејќи има огромни долгови кон приватни и државни доверители во износ од речиси 500 милиони денари.

Жито Вардар подолго време е неликвиден, жиро-сметките се блокирани подолго од 45 дена, а речиси целиот имот е заложен, по што се создадени услови за отварање на стечајна постапка која ќе ја води управникот Ацо Петров.

Коинциденција или не пред некој ден на еден од сопствениците Урош Ташев му изгоре автомобилот „мазда“ за што нема потврда дали е подметнато или не.