Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГибралтар: Не доаѓа во предвид тргување со Гибралтар во преговорите за Брегзит

Гибралтар: Не доаѓа во предвид тргување со Гибралтар во преговорите за Брегзит

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон изјави дека Гибралтар не е на продажба, коменирајќи го ставот на ЕУ дека Шпанија ќе треба даде согласност за тоа дали секој договор меѓу Велика Британија и Унијата ќе се однесува и на оваа британска прекуморска територија на југот на Пиринејскиот Полуостров.

– Гибралтар не е на продажба. Со Гибралтар не ќе може да се тргува за време на преговорите за Брегзит – изјави Џонсон за лондонскиот весник „Телеграф“.

Во патокaзите за преговорите за Брeгзит што во петокот ги објави ЕУ се наведува дека „ниту еден договор меѓу Европската Унија и Велика Британија не ќе може да се применува на територијата на Гибралтар без согласнoст на Шпанија и Обединетото Кралство“.

Ваквата одредба значи дека Шпанија би можела да го блокира важењето на кој било договор меѓу ЕУ и Велика Британија на територијата на Гибралтар.

Во изјавата за „Телеграф“, Џонсон нагласи дека ставот на Лондoн околку оваа британска прекуморска територија е непроменет и дека „суверенитетот на Гибралтар не може да биде променет без децидна согласност на Обединетото Кралство и на народот на Гибралтар“.

– Пристапувањето на Велика Британија кон Зедничкиот европски пазар во 1973 година, кога Шпанија и не беше негова членка, не промени ништо. Ништо нема да се промени ниту денес – наглaси Џонсон.

Гибралтар е британска прекуморска територија од 1713 година.