Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитров и Лоренсо Сера разговараа за унапредување на македонско-шпанските односи

Димитров и Лоренсо Сера разговараа за унапредување на македонско-шпанските односи

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров оствари средба со новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Шпанија во Република Македонија, Емилио Лоренцо Сера, соопшти МНР.

На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, биле разменети мислења околу развојот на билатералните односи и соработката помеѓу двете држави, како и за можностите за нивно унапредување, со акцент врз цврстата определба на Република Македонија за што поскоро европско и евро-атлантско интегрирање.

Амбасадорот Сера го информирал македонскиот министер за развојот на настаните во Шпанија и особено во шпанската автономна заедница на Каталонија, при што Димитров го реафирмираше македонскиот став дека референдумот во Каталонија што шпанскиот Уставен суд го прогласи за нелегален е внатрешно прашање на земјата кое, како што рекол, посакува да се реши преку политички дијалог и во рамките на Уставот на Шпанија.