Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) Ги надживеал сите членови на семејството: Пронајден најстариот човек на светот

(Видео) Ги надживеал сите членови на семејството: Пронајден најстариот човек на светот

Најстариот човек на светот живее на најнаселениот индонезиски остров Јава и тврди дека има 145 години. Како што пишува Independent, Мбах Гото има 145 години и според документите, тој е роден на 31 декември 1870 година.

Гото ги надживеал четирите жени и сите негови деца, а денес живее со помошта на внуците, правнуците и праправнуците. Иако има неверојатно долг животен век, Гото изјавил за локална телевизија дека сака да почине.

najstariot covek dokument

Ако неговите документи се веродостојни, тој е најстариот човек на светот. Според она што е познато досега рекордот е на Французинката Жана Калмент која живеела 122 години. Но, иако документите му се водат како официјални, во Индонезија никој до сега не ја потврдил возраста на мажот и доколку документот официјално не се потврди, Гото не може да влезе во книгата на рекорди. Рецептот за долговечност вели дека се крие во трпението и смиреноста.