Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГевгелија утре на референдум ќе одлучува за рудникот на Кожуф

Гевгелија утре на референдум ќе одлучува за рудникот на Кожуф

Жителите на Гевгелија, утре на референдум ќе одлучуваат дали се „за“ или „против“ отворање рудници за злато на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф.

Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија, кое ја почна иницијативата за референдумот, стравуваат дека деталните геолошки истражувања ќе се вршат со експлозив и со голема механизација, а при одвојувањето на златото од рудата ќе се користи цијанид, што негативно ќе влијае на животната средина и на здравјето на луѓето.

За референдумско изјаснување поради истите причини, како што пишува „МКД“, се подготвуваат и општините Валандово и Кавадарци.

Во Валандово, украинската компанија „Сардич“ веќе доби концесија на 35 години за рудникот за бакар Казандол и до крајот на годината треба да почне со експлоатација на рудата.