Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГДОМ побара крај на кризата во Битола, Велес и Струмица

ГДОМ побара крај на кризата во Битола, Велес и Струмица

veles-0gdom-640x425Граѓанското движење за одбрана на Македонија се активираше со контра-протести во Битола, Велес и Струмица откако повикот на „Протестирам“ се рашири викендов за масовност и во градовите од внатрешноста наместо протести да се одржуваат во Скопје.
13020174_10208146173283627_2041332904_nГДОМ паузираше со собирите во последните денови, но сега велат дека кризата мора веќе да заврши со одење на избори на 5 јуни кои ќе бидат пресудни. Тие ги користеа и пораки за осуда на насилството на Соросовите организации и порачаа дека ќе продолжат да ја бранат Македонија. Нивните протести се мирни и во принцип излегуваат пред седиштата на СДСМ низ градовите.