Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈГалерија: Спектакуларно отварање на Олимпијадата во Рио

Галерија: Спектакуларно отварање на Олимпијадата во Рио

Организацискиот комитет на Рио Де Жанеиро успеа да изведе фантастичен спектакл при отварањето на Летните олимписки игри со стотина танчери, голем број на бразилски музички ѕвезди, продефилирање на убавицата Жизел Бундшен и десетина маестрално изрежирани, изиграни и презентирани уметнички точки.

rio 2016 3

Впечатливи бои, неверојатна сценографија, перфектен тајминг и беспрекорна изведба се главните епитети на можеби едно од најубавите и најбогатите отварања досега со што Бразилците докажаа дека се талентирана и креативна нација.

rio 2016 znak

Стадионот Маракана беше како дел футуристички филм со прелевање на нијанси и изрази.

rio 2016 tancari

Потоа следуваше и официјалното дефиле на сите спортисти меѓу кои и македонската олимписка делегација, па се надеваме на возбудливи настапи и резултати за паметење со нови рекорди и инспирирачки стории кои ќе се прераскажуваат.   rio 2016 znaminja rio 2016 zizel rio 2016 1 rio 2016