Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиВистински спектакл на Здравко Чолиќ го заокружи јубилејното издание на Штипската пастрмајлијада! (ГАЛЕРИЈА)

Вистински спектакл на Здравко Чолиќ го заокружи јубилејното издание на Штипската пастрмајлијада! (ГАЛЕРИЈА)

Како што и се очекуваше на последната вечер од овогодинешното јубилејно десето по ред издание на Штипската пастрмалијада се случи вистинската кулминација! „ЈУ Група“, „Рибља Чорба“ направија одлични концерти како главни ѕвезди на првата и втората вечер и ја воодушевија публиката, но она на што штипјани и гостите синоќа можеа да бидат сведоци беше навистина нешто специјално.

19

Штандовите преполни, вистинска гужва и еуфорија на настапот на големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ. Но, да одиме по ред. Први кои настапија на последната вечер од Штипската пастрмајлијада беа нашите изведувачки Антонија Гиговска, Мартија Станојковиќ, потоа Мартинијан Кириловски, „HQ“ бенд, а атмосферата ја подгреа добро познатиот на штипската публика Ферус Мустафов, за официјалниот крај на Штипската пастрмајлијада за оваа година да биде означен со спектакуларниот настап на Здравко Чолиќ.

1

2

3

4

По завршувањето на настапот на Ферус Мустафов следеше вистински делириум меѓу посетителите волшебна енергија која не може да се опише со зборови. Здравко Чолиќ, како и што беше за очекување направи настап за паметење кој штипјани и гостите кои ги имаше во огромен број долго време ќе го прераскажуваат.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата од синоќешниот спектакл на Здравко Чолиќ во Штип:

6

7

16

10

13

15

Автор: Михаило Донев
Фотографија: Тоши Трајчев