Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФудбалско лудило го тресе Велс!

Фудбалско лудило го тресе Велс!

Сите 20.000 влезници за стадионот Принсипалити, каде на огромен екран навивачите ќе ја следат полуфиналната средба меѓу Португалија и Велс, беа распродадени за неполни 90 минути! Градските власти, во досегашниот тек од првенството организираа гледање на натпреварите на Копер Филд, каде може да собере неспоредливо помал број на луѓе, но под притисок настанот беше преместен на стадионот Принсипалити.

Покрај постоечките два екрани, организаторите, специјално за оваа прилика изнајмиле и нов, уште поголем екран. Поради безбедност, капацитетот на стадионот е ограничен на 20.000 места. Рекордот на стадионот Принсипилите за вакви настани бепе поставен во 2011 година по повод рагби натпреварот Велс- Франција. Тогаш на гледачите, кои беа околу 60.000, им беше дозвволено да влезат и на теренот.

VEls2