Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаХеликоптерска несреќа во Велс, пет жртви

Хеликоптерска несреќа во Велс, пет жртви

Пет лица го загубиле при пад на хеликоптер во планинската област Сноудонија, во северен Велс, соопшти денеска велшката полиција. Хеликоптерот исчезна вчера за време на својот лет од англиксиот град Лутон кон Даблин во Ирска.

Спасувачите денеска ги пронашле остатоците од хеликоптерот и телата на петмината загинати. Полицијата не ги открива имињата на загинатите, освен дека хеликоптерот со кој летале бил во приватна сопственост.

Според полицијата, леталото исчезнало во момент кога се наоѓало во реонот кај заливот Кернарфон, но засега не е познато како хеликоптерот се нашол на таа локација.