Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФудбалската легенда Марадона како кандидат за претседател на ФИФА

Фудбалската легенда Марадона како кандидат за претседател на ФИФА

Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона потврди дека ќе се кандидира за претседател на ФИФА на местото на Сеп Блатер, открива уругвајскиот новинар Виктор Моралес.

„Јас сум кандидат“, беа зборовите што ми ги кажа Диего Марадона кога го прашав околу номинацијата за претседател на ФИФА, напишал Моралес на Твитер.

Марадона долго време жестоко го критикуваше Блатер и минатиот месец изјави дека бил задоволен од одлуката на Швајцарецот да поднесе оставка поради корупциски скандали. Што се однесува до кандидатурата, тој треба да ја придобие поддршката од пет национални федерации, како што налагаат правилата на ФИФА.
Вонредното собрание за избор на нов претседател најверојатно ќе се одржи на почетокот од 2016 година.