Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФудбалот пред се: Ја прекинале свадбата за да го гледаат натпреварот!

Фудбалот пред се: Ја прекинале свадбата за да го гледаат натпреварот!

Една свадба во западна Херцеговина била прекината бидејќи се одржувала истиот термин кога се играше и осминафиналната средба од Европското фудбалско првенство во Франција меѓу Хрватска и Португалија. Во таква ситуација младенците и покрај свадбата не сакале да се откажат од нивнита голема љубов кон фудбалот, па за време на прославата гостите можеа да го следат наптреварот на голем видео бим.

Работата отиде до таму што младенците дури и го одложија нивниот прв свадбен танц и почетокот на прославата за на полувремето на натпреварот, јави хрватскиот портал Индекс. За жал, младенците на крај не добија дополнителна причина за славење бидејќи Хрватска изгуби.