Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЛе Пен: Зидан може да дели совети само на фудбалерите

Ле Пен: Зидан може да дели совети само на фудбалерите

Фудбалерот на Франција, Зинедин Зидан ги следи политичките збиднувања во неговата татковина и јавно апелираше на вториот круг од претседателските избори закажан за 7 мај, народот да не гласа за претседателскиот кандидат на десницата, Мари Ле Пен.

По ова, Ле Пен експресно му одговори на спортистот:

„Зидан може да дели совети за фудбалот и на неговите фудбалери, но не и кога се работи за политиката. Тој е многу богат и ме чуди што сака да гласа за кандидатот на центарот, Емануел“- нагласи Ле Пен.

Зидан е омилена личност во Франција и надвор од фудбалот никогаш не се мешал во други проблематики, отткуа зачудува неговата изјава која во Франција подигна голема прашина.