Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонските фудбалери го разбија малерот – висок триумф над Лихтенштајн

Македонските фудбалери го разбија малерот – висок триумф над Лихтенштајн

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација конечно успеа да ја забележи првата победа во рамките на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Русија или прва победа на гости по пауза од седум години. Избраниците на Игор Ангеловски прикажаа далеку подобра игра од својот вечерашен противник, селекцијата на Лихтенштајн, против кого триумфираа со високи 3:0.

Младиот Бобан Николов прв го отвори натпреварот во 43. минута и со минимален резултат се замина на полувреме. Преостанатите два гола беа дело на Илија Несторовски кој најпрво, по асистенцијац на Пандев, го зголеми резултатот во 68. минута, а само пет минути подоцна го постави конечниот резултат. Тој имаше шанса и за четврт погодок во 90. минута, меѓутоа не беше прецизен со ударот од белата точка.

Во останатите два натпревари од група „Г“, Италија ја совлада Албанија со 2:0, додека Шпанија со 4:1 убедливо го совлада Израел.

Следниот натпревар во рамките на квалификацискиот циклус нашата селекција го игра на 11. јуни на домашен терен против Шпанците.